Синоќа околу 23 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен охриѓанец, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката (34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Синоќа во 22.00 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишен жител на село Заграчани, струшко и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од 26-годишен жител од село Велешта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информира Димоски.

OhridNews