Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од селото Оровник, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници, 20 годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца и 21 годишно лице од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews