Сообраќајна незгода се случи доцна попладнево на патот Охрид – Св. Стефан, во близина на Хидробиолошкиот завод.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, возач на патничко возило Форд Фиеста од непознати причини изгубил контрола и излетал од коловозот. За среќа тој минал без повреди.

На местото на настанот извршен е увид.

OhridNews