Најстариот автомобил во Велика Британија, Wolseley 6, е стар 107 години и сеуште вози беспрекорно. Сопственикот Брајан Кејсли редовно го возел во Шерборн, како автомобилот би останал во форма. Не е познато колку километри вкупно минал, бидејќи бил направен пред автомобилите да почнат да вградуваат бројач на километрите. Брајан автомобилот го купил во 2004 година од пријател кој бил колекционер на стари автомобили.
Неговата сопруга Пет додала дека автомобилот никогаш не се расипал. Со четири литри гориво можел да мине речиси 60 километри. Најголемата брзина му била околу 45 километри на час. Сеуште ги имал оригиналните регистарски ознаки, а прв сопственик му бил Е.Х.Гринли од Херефордшир кој го купил далечната 1905 година.