Акциониот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, дошол на оригинална идеја како би собрал што повеќе пари за здружението “After School All Stars” кое има за цел да им помогне на сиромашните деца.
Имено, најдарежливиот донатор ќе има можност да се повози со актерот во неговиот приватен тенк и потоа да мине некое време со него и со уште една личност по свој избор во разговор. Славниот актер ги презел трошоците за авионски билет и престој во хотел на оној кој ќе понуди најмногу, и ветил дека за секој дониран долар за здружението ќе даде по еден долар од својот џеб.