Германската полиција во близина на Дизелдорф запрела една жена која возела автомобил и доела бебе. Иако во Германија доењето на јавни места е многу често, таа мајка отишла предалеку. Иако жестоко се противела кога полицајците и пишувале пријава, тврдејќи дека улицата не била многу прометна, нема да го избегне плаќањето на казната.
Бидејќи законот експлицитно не забранува доење на бебе во текот на возењето, таа ќе биде обвинета поради тоа што не го заштитила детето во склад со законот и затоа што не носела појас додека управувала со возилото.