Заменик шерифот во округот Сент Чарлс во Луизијана го запрел Терон Инграм кој возел велосипед и носел алигатор на рамената. Тој се обидел да побегне оставајќи ги и велосипедот и “сопатникот“, но набрзо бил уапсен.
Од полицијата изјавиле дека е обвинет за отпор при апсењето, поседување прибор за дрогирање и напуштање на животни. Алигаторот долг 1 метар бил пуштен во блиското мочуриште. Сеуште не е познато каде го набавил и за што му бил потребен.