Дејв Стенсфилд од Ковентри, Англија не можел да поверува на сопствените очи кога поштарот му врачил казна за пребрзо возење со својот Т Форд стар 86 години. Во решението пишувало дека радарот го снимил додека возел со брзина од 56 км на час, на место каде било дозволено само 50 км на час.
Дејв изјави дека во фабричката документација стои дека максималната брзина му е 70 км на час, но тоа било пред 86 години. Нему просто не му се верувало дека може да достигне 56 км на час, но не можел да провери бидејќи автомобилот немал мерач за брзина.
Бидејќи не пишувало дека треба да плати 60 фунти, тој отишол на суд и платил три пати повеќе. Имено бидејќи автомобилот немал мерач на брзината судијата не му поверувал дека тој стар 67 години и автомобилот постар од него 22 години не се во состојба за брзо возење.