Еден берзански работник возел автомобил од марката Ферари со брзина поголема од 245 километри на час на автопат во Франција, соопштила локалната полиција. Возачот бил стар 44 години и со Белгиско потекло, а возел од Швајцарија за Луксембург.


Морал да плати казна од 750 евра и му бил одземен автомобилот вреден околу 200 илјади евра. Максималната брзина на неговото ферари е 320 километри на час. Престапникот, на кој му е одземена возачката дозвола, наскоро ќе мора да одговара пред суд.