Еден Британец толку се напил, што при враќањето дома шест километри возел на три тркала, а не ни забележал. Иако искри летале на сите страни, а автомобилот му влечел на десната страна, Ендрју Мекеј возел со својот автомобил се додека не го запрела полицијата.
Делумно глувиот Ендрју, се враќал од некаква прослава и во крвта имал три пати поголема количина алкохол од дозволената. Сепак, избегнал казна затвор бидејќи ја признал вината. Добил десет месеци условно и 150 часа општокорисна работа. Исто така му забраниле да управува со автомобил во наредниве три години.