Најмалку седум лица се убиени во неселективно пукање во американската сојузна држава Мичиген, објавија медиумите повикувајќи се на локалната полиција. Според телевизиската мрежа NBC News, која се повикува на полициски извор, шест луѓе се убиени а три се ранети во округот Каламазу.

„Изгледа дека се соочуваме со ужасно сценарио, со човек кој наоколу вози автомобил и пука“, изјави помошникот шериф на округот Каламазу, Пол Матијас. Локалните медиуми јавуваат дека четири лица се убиени во ресторан, а две во салон за автомобили.

Според Матијас, полицијата прво примила повик од лице од зградата во кој во еден стан жена била погодена со неколку истрели и таа е во сериозна состојба. Неколку часа подоцна, полицајците се повикани во салон за автомобили каде се убиени две, а третото лице е рането. Во третиот бран пет лица се убиени на паркиралиште од ресторан, каде што засега непознатиот напаѓач отворил оган врз луѓе во автомобили. Петтото лице е рането на тоа место е во критична состојба.

Засега се чини дека не постои поврзаност меѓу убиените и напаѓачите, за кои сведоците велат дека е белец на возраст од околу педесетина години. Идентитетот на жртвите не е официјално објавен, а медиумите пишуваат дека меѓу нив се и едно осумгодишно момченце и 14-годишно девојче.

OhridNews
извор Макфакс