Полицијата во Кина запрела еден возач кој 644 километри возел камион со картон наместо стакло. Вели дека возел ваѓајќи ја главата низ прозорецот или ѕиркајќи низ дупчињата во картонот. Портпаролот на полицијата изјавил дека иако било многу ладно тој цело време ја држел главата извадена низ прозорецот.


То на полицајците им објаснал дека неколку дена порано имал сообраќајка и дека не стигнал да го промени стаклото бидејќи брзал да ја испорача робата. Полицијата го отпратила до најблиската продавница за автоделови и го натерала да го промени стаклото пред да продолжи со патувањето.