Француската полиција која запрела еден возач кој имал 79 години, открила дека тој пензионер 58 години управува автомобил без возачка дозвола. Тој патувал со сопругата во близина на брегот на Атласнкиот Океан.


Тој земал часови за возење автомобил во 1952 година, но никогаш не го положил возачкиот испит. Тоа значи дека возел 58 години, а не направил никаков сообраќаен прекршок. Пензионерот на полицајците им рекол дека сообраќајната дозвола на автомобилот е во ред и дека автомобилот најчесто го возела неговата сопруга.