Ли Гуиввен поставил светски рекорд во возење автомобил врз пивски шишиња. Тој автомобилот го возел 60 метри врз 1798 пивски шишиња во градот Вензоу на истокот на Кина. Минатата година се обидел да го стори истото, но во соборувањето на рекордот бил спречен од дождот.


Иако еднаш не успеал, тој продолжил напорно да тренира, и оваа година трудот вродил со плод. Дистанцата од 60 метри успеал да ја помине за осум минути и 28 секунди.