Кинез пред десет илјади луѓе успешно извел акробација вредна за воодушевување. Возел автомобил по челични кабли на 47 височина метри над реката Милуо.

Кинезот Ли Шуозу (48) успеал да го заврши застрашувачкото патување од 233 метри по челични кабли преку реката Милуо во градот Пингјанг (Кина). И самата помисла дека се наоѓа во автомобил на 47 метри височина на кабли го одзема здивот. Лиу, чиј прекар е Крал на автомобилите, извел потфат пред десет илјади восхитени гледачи. Во текот на 30 минутното патување, храбриот и вешт Лиу преку радио комуницирал со домаќинот на приредбата, кој неговите зборови ги пренесувал на публиката.


-Каблите се малку нестабилни и се тресат, а пред мене е доста стрмна удолница – рекол во еден момент.
После се рекол дека најтешко му било на крајот.
-Последните неколку метри беа исклучително опасни затоа што страшна стрмнина ми го блокираше чистиот поглед наназад-изјавил по успешно изведената акробација.