Еден возач на автобус на компанијата “National Express West Midlands” од Велика Британија возејќи читал книга и бил суспендиран. Возел на еден од најпрометните патишта кон Бирмингем.
Очигледно книгата била многу интересна, што не забележал дека го снимаат, а возел автобус на два ката. Еден од патниците раскажал дека возачот бил во „свој свет“ и дека нималку не му сметало тоа што можел да предизвика несреќа додека во автобусот имало многу луѓе.