Британката Карол Диксон-Јеунг од Јорк ги заклучила вратите и ги затворила прозорците кога видела змија од 62 сантиметри како ползи од хаубата на стаклото од автомобилот. Ги преплашила и останатите возачи пробувајќи да се оттараси од портокаловиот влекач, вртејќи лево десно со управувачот.
Бидејќи змијата се залепила за стаклото, Карол застанала на паркингот од еден супермаркет и го молела персоналот да и помогне. Еден купувач забележал дека станува збор за безопасна змија. Ја фатил и ја пуштил во блиското поле.