Голем број прекршоци констатира сообраќајната полиција при засилените контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид во текот на вчерашниот ден.
Во Охрид беа констатирани 30 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено и надвор од населено место, во Кичево, вкупно 4 возачи на патнички автомобили управувале со поголема брзина од дозволената а во Дебар биле затекнати 16 такви возачи. Полициските службеници во Струга, регистрирале 12 возачи кои управувале патнички возила над дозволената брзина и еден возач кој бил под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и одземени му се возачките документи а на останатите, изречени им се соодветни прекршочни платни налози. – информира СВР Охрид.
Полициските службеници не затекнале возачи кои вршат јавен такси превоз на патници без лиценца за таква дејност.
OhridNews