Секој момент на охридскиот аеродром Св.Апостол Павле се очекува да слета авион од типот Канадер CL415 на хрватското воено воздухопловство. Авионот веднаш откако ке наполни гориво во Охрид ќе се приклучи во гасењето на големиот пожар што ја зафати Битола. Авионот вода ке полни од Преспанското езеро а другите технички активности ќе ги врши на аеродромот во Охрид.
Хрватскиот „Канадер“ е дел од помошта на странските држави што пристигнува на барање на Министерството за надворешни работи на Р.Македонија за справување со големиот број пожари што ја зафати земјата.
Воздушна помош од Хрватска за справување со огнената стихија во Битола
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com