Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во тек се засилени контроли на општинските инспектори за контрола на испуштање штетни материи во животната средина.

Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инспекциски контроли извршени се во повеќе други градови во земјава каде биле утврдени нерегуларности.

Изречени се казни за согорување отпад на отворено и опомени за домаќинства за согорување на дрвен отпа, информира МЖСПП.

Деновиве во градовите во Македонија е регистрирано алармантно ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот, неколку пати повисоко од дозволеното.

OhridNews