Охрид вечерва е обвиен во смог, а во воздухот е измерено алармантно високо ниво на опасните по здравје ПМ 10 честички.

Мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање во Охрид на полноќ измерила 391,437 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички,  што е речиси 8 пати повисоко од дозволеното ниво од 50 ммг/м3.

Зголемено ниво на ПМ 10 честички во воздухот во Охрид беше измерено и на 26 јануари – 276,635 микрограми на метар кубен, како и ден претходно – 113,083 микрограми на метар кубен.

Високо ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот вечерва е регистрирано и во Скопје  – 223,341 ммг/м3 и во Струмица – 111, 8 ммг/м3, каде викендов се одржа голем  протест поради загадувањето.

Г.М.