Додека Кање заработува огромни пари каде и да се појави, други се обидуваат да заработат на неговото име. Некој се досетил да продава воздух од неговиот концерт. Моментално за тоа му нудат 60 илјади долари. Кесето со воздух од турнејата “Yeezus” привлекла повеќе од 90 понуди на Ибеј, а во продажба ќе биде уште неколку дена. Имено, почетната цена била пет долари, но, во рок од неколку дена пораснала на 60 илјади долари, во вистинка мала војна на аукција на Ибеј. И самото објаснување на подавачот од Пенсилванија е воедно и смешно и креативно.
Во тоа кратко објаснување продавачот тврди дека го држел кесето отворено и дека „заробил“ воздух на концертот на кој присуствувал. Среќниот купувач ќе добие затворено кесе со натпис “Air from Kanye show”. Веќе се појавиле и неколку други продавачи кои го нудат истиот тој воздух по различни цени. Меѓутоа, тоа не е се! Многу побизарна понуда исто така се појавила на оглас, гас на Кање во кесе. Но за него сеуште не пристигнале понуди. Почетната цена исто така е пет долари.