По долги години пост, охридската кошарка се враќа на голема врата на македонската спорстка сцена. Одамна Охрид немал спортски колектив кој рамноправно се носи со најдобрите клубови во земјата. Клуб кој самоуверено и без респект игра и дома и надвор, со што избори солидно реноме во кошаркарските кругови. Кошаркарите на АМАК годинава се охридски спортски бренд, кој на колена ги фрла големите фаворити.
Годинава АМАК им го зеде скалпот на сите шампиони, а потврда на извонредните вредности е и последниот триумф над најтрофејниот македонски лигаш „Работнички“ во “Градскиот Парк“ со 94-90. Како “чреша на тортата“ доаѓа овај триумф за заокружување на успешната втора фаза, која охриѓани ќе ја завршат на третата позција. Со оваа победа “Езерџиите“ несомнено испратија јасна порака – “рачунајте на нас“ !
Успешно деби на Струмичката клупа имаше новиот стретег Кадија, треткој седнува на струмичката клупа сезонава. Во Скопје совладан Вардар 65:90.
Лидерот Фени не дозволи никакво изненадување и со триумфот над Пелситер ја осигура првата позиција. Дерби мечот во последното коло против Струмица ќе ја даде одлуката дали фени ќе влезе со 1-0 преднсот при евентуалниот натпревар против Струмица.
Потешко од очекувањата МЗТ ФОН ги совлада Соколите , кои по исклучувањето на Маврово, не успеаа да забележат ниту една победа.
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Клубот за подводни дејности Охрид 40 години е чувар на Охридското Езеро Низ годините и покрај сите предизвици и притисоци нуркачите реализирале бројни еколошки акции и притоа извадени се огромни ко...
Ракометарите на Охрид во рамки на 20-то коло од Супер лигата денес ја пречекуваат екипата на Куманово „Гладијаторите“ подготвени да одиграат добар натпревар против екипата на Куманово која од меч в...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.