Екипите на Струга и Еурофарм Пелистер 2 го поделија пленот ремизирајќи 24-24, во последниот натпревар од 4-та рунда во плејофот од Супер лигата.
Актерите на теренот одиграа возбудлив натпревар во кој до крајот на се знаеше конечниот исход. Стружани имаа гол негатива на полувремето, но во вториот дел успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Стружани реализираа за гол предност во последната минута, но битолчани со погодок во самиот финиш обезбедија бод од незгодното гостување.
Во 4-та рунда победи забележаа Охрид кој славеше во дуелот со Металурт 27-26, Еурофарм Пелистер кој триумфираше против Пролет () и Вардар кој подобар беше од Бутел Скопје.
Лидер на табелата е Вардар со максимален учинок после четири мечеви. Второпласиран е Еурофарм Пелистер со 9 бодови, а потоа следуваат Охрид, Пролет и Бутел Скопје со по шест освоени поени. Металург е шестопласиран со 4 бодови, Струга се наоѓа на семдата позиција со 2 бодови, а Еурофарм Пелистер 2 со еден поен е последнопласиран.
OhridNews