Екипите на Охрид и Ренова ремизираа на контролниот натпревар на СРЦ „Билјанини Извори“, играјќи 2-2, полувреме (1-1).
Натпреварот беше максимално квалитетен и содржаен, ако се земе во предвид дека се работи за тест меч во подготвителен период.
„Гипсарите“ поведоа со погодокот на Јашароски, а „рибарите“ возвратија преку Реџепи за егал на полувремето. При резултат 1-1, Ренова преку Рамадани не реализираше од белата точка. Казната стигна на спротивната страна, каде Мазари реализираше за 2-1 и водство на Охрид. До финишот на мечот Ренова притисна и успеа постигне погодок за изедначување. Стрелец беше Рамадани.
За Охрид ова е прво реми во контролните мечеви, додека Ренова со тест средбата против „рибарите“ ги заврши подготовките во нашиот град.
OhridNews