Без победник 26-26 (13-13) заврши втората контролна средба помеѓу суперлигашот Охрид и освојувачот на дуплата круна во Црна Гора, екипата на Ловчен. Во првиот натпревар, кој се одигра вчеравечер Охрид славеше со 25-22.

Почетокот на дуелот беше идентичен како вчерашниот. Двете екипи одиграа многу добро во одбрана, што резултарише со мал број на погодоци по десет минути игра (5-5). „Гладијаторите“ беа нешто подобри од десеттата до дваесетта минута и обезбедија водство од четири голови (11-7). Гостите имаа добар финиш и од крајот на полувремето комплетно ја анулираа предноста на Охрид.

Црногорските ракометари подобро го отворија второто полувреме и стекнаа предност од два погодоци. Охриѓани возвратија со иста мера, прво изедначувајќи на 19-19, а потоа поведувајќи со 21-19. Гостите констатно ја бркаа негатива, која дури во финишот ја стигнаа кога погодија двати пати во серија за 24-24. Веднаш потоа и поведоа со 25-24, а Охрид изедначи на 25-25. Двете екипи погодија во последната минута, а завршниот напад им припадна на гостите, кои не успеаја да го совладаат голманот Кристијан Ковачески.

Троцјата голмани на Охрид уште еднаш беа на висина од задачата, а голгетерски се истакна Денис Тот, кој шест пати за само 30 минути ја погоди мрежата. По три пати прецизни беа Бобан Блажески, Михајло Младеновиќ и Игор Чагаљ.

За охриѓани ова беше прво реми, после две победи и исто толку порази во контролните мечеви.

Мх.П.