Сонот на македонската фудбалска репрезентација за пласман на Европско првенство може да биде јаве, откако „црвено жолтите“ успешно ја поминаа првата пречка. Македонија во полуфиналето од баражот со 2-1 (2-1) ја совлада репрезентацијата на Косово и закажа финална пресметка со Грузија.

Косово подобро го отвори мечот, но Македонија беше селекцијата која прва ја погоди целта. Во 16-та минута Стефан Ристовски со голема помош од Бенџамин Колили ја погоди мрежата за почетно водство.  Селекцијата на Косово во 29-та минута после кардиналната грешка на голманот Димитриевски и Велкоски изедначи на 1-1. Стрелец на голот беше Флорент Хадерѓонај. Во 33-та минута Македонија го врати водството. Велковски постигнувајќи погодок за 2-1 се изваде на најдобар можен начин за грешката 4 минути претходно. Дефанзивецот беше највисок во скокот и со глава стрелаше прецизно.

Во второто полувреме Македонија играше многу сигурно недозволувајќи возбудувања пред својот гол. Во текот на вториот дел Пандев и Адеми ја погодија целта, но ВАР системот не дозволуваше трета радост на Македонија. Косово неискористени шанси на Македонија ќе ги казнеше во судиското продолжение, но голманот Димитриевски со фантастична парада спречи изедначувачки погодок и ја задржа минималната предност.

Македонија во финалето од плејофот ќе ги одмери силите со Грузија. Мечот се игра на 12 ноември.

OhridNews