Новата сезона во групната на Лигата на шампиони (ЛШ) донесе возбудувања веќе на самиот старт, откако Манчестер јунајтед киксираше на гостувањето кај Јанг Бојс со 2-1, додека Севиља и Салцбург ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1 во несекојдневно прво полувреме, кое донесе дури четири пенали, од кои два останаа нереализирани.
Во воведниот натпревар од групата Ф, Јунјатед не ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Швајцарија, иако поведе со голот на Кристијано Роналдо во 13 минута. Проблемите за англискиот тим почнаа во 35 минута по црвениот картон за Ван Бисака. Јанг Бојс го искористи фудбалерот повеќе на теренот за целосен пресврт во вториот дел со головите на Николас Нгомалеу (66) и Џордан Сибачо (95).
Во првиот натпревар од групата Г, Салцбург поведе на гостувањето во Шпанија со голот од пенал на Хрватот Лука Сучиќ (21), а на спротивната страна прецизен од белата точка за израмнување на резултатот беше неговиот сонародник Иван Ракитиќ (42)
Првиот дел донесе уште два удари од белата точка за гостите, кои не ги искористија Адејеми (13) и Сучиќ (37).
OhridNews