Возачот на Роби Вилијамс прегазил еден 18-годишен папарацо по настапот на пејачот во реалното шоу Икс Фактор. На Роби тоа му бил прв настап по пауза од 3 години. Момчето премногу му се приближило на автомобилот, а возачот не го забележал додека возел на назад и го прегазил.
Момчето познато под името Стивен заглавило со нозете под автомобилот. Роби излегол од автомобилот и плачел. Изгледало како многу сериозна несреќа. Стивен бил веднаш префрлен во болница од каде изјавиле дека претрпел само полесни повреди. Пејачот се вратил дома во друг автомобил.