Шпанската полиција приведе две лица поврзани со терористичкиот напад во Барселона, но ниету едно од нив не е возачот на компето кое во каталонската престолнина вчера усмрти 13 лица, а над 100 се повредени.

Како што соопштија шпанските власти возачот на компето непосредно по извршениот напад возачот избегал пешки. Се претпоставува дека не бил вооружен.

Полицијата во Барселона ги затвори улиците каде беше извршен смртоносниот напад и се уште трага по напаѓачот.

OhridNews