Минатиот викенд возачи сопирале на автопат кон Лос Анџелес за да собираат пари кои му паднале од торбата на еден моторциклист. Но, собирачите се разбегале кога пристигнала полициска патрола.


Моторциклистот кој возел Харли Дејвидсон, им рекол на полицајците дека торбата во која ги носел парите се распарала, па така парите се разлетале по автопатот.

Полицаецот Антони Мартин изјавил дека не се знае колку пари се наоѓале во торбата ниту колку другите возачите успеале да соберат.