Возачот од тимот на Апрлија кој се натпреварува во Мото гран при шампионат, Андреа Јаноне привремено е суспендиран поради недозволени супстанции кои ги користел.

Како што се наведува од соопштението од Мото ГП, Јаноне позитивен бил на анаболички стероид. Јаноне на прегледи бил после трката за големата награда Малезија.

Суспензијата за Јаноне важи од денеска до разрешување на случајот.

Возачот може да ја обжали одлуката, но ќе мора да направи нов тест за да докаже дека е чист и оти не користел недозволени супстанции.

OhridNews