Американската полиција која застанала автомобил кој премногу брзал, се изненадила кога го видела сувозачот – алигатор.

Вилијам Џонсон (30) тврдел дека алигаторот го нашол покрај патот во близина на Бразори во Тексас, известува Хјустон Хроникл.


Видео камерата на полицискиот автомобил ги покажува лицата на полицајците кои не можат да веруваат што пронашле. Алигаторот е пуштен во дивината а Џонсон е обвинет за илегално поседување опасни животни.

Вилијам Џонсон твдел дека алигаторот го нашол покрај патот. Полицијата кај него пронашла украдени предмети од неодамна извршена кражба, па дополнително бил задржан во станицата, пренесува Ананова.

Полицијата открила дека Џонсон претходно бил замешан во инцидент кај локален ресторан кога на полицијата и рекол дека има змија во автомобилот.Тогаш им рекол дека змијата го каснала на раката, но одбил да биде лекуван. Експерт за контрола на животни ја нашол змијата и ја отстранил.