Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко.
Како што информира СВР Охрид, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 37-годишен жител на селото Враништа, струшко, излетало од патот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти СВР Охрид.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.
Г.М.