Човек кој поминал скоро 14 часа заробен во неговото возило откако излетал од патот и паднал 6 метри во ров исполнет со вода бил спасен во последен момент кога возач на камион забележал траги од кочење кои воделе до крајот на патот и ги повикал надлежните служби.

Возачот на автомобилот избегнал давење така што успеал да исползи до “џеб” со воздух кој се наоѓал во задниот дел од автомобилот но никако не можел да се ослободи и да повика помош.

Спасувачките екипи пристигнале во последните моменти пред автомобилот да биде целосно потопен.