На патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, вчера, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 47-жител на Крива Паланка, кој управувал патничко возило „БМВ“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР
Исто така вчера, во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, лишиле од слобода 59-годишен жител на с.Ливада, струшко, кој со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“, соопшти МВР.
Г.М.