Возач на трамвај во Виена добил отказ бидејќи за време на возењето патниците ги поздравувал со нацистичкиот поздрав „Зи Хајл“. Портпаролот на виенскиот градски превозник истакнал дека 35 годишниот возач во понеделникот му била одземена работната книшка.


Возачот поради тоа бил обвинет за непримерно поздравување, а обвинувањата не ги порекнува. Загубата на работното место не е единствено што го снашло бидејќи ако судот го прогласи за виновен би можел да добие 10 години затвор.

Видеоснимка од настанот била поставена на Youtube, но набрзо била отстранета.