Возач на камион на автопатот А3 во Германија направил потег кој може да се види само на акционите филмови. Ја пробил бетонската ограда и прелетал преку 6 метри широката дупка, па слетал на другиот крај од срушениот мост преку реката Мајна.


Возачот не го видел знакот за свртување на привремениот мост и продолжил да вози по стариот пат, а само со чиста среќа завршил на бетонот и избегнал пад во реката 16 метри подолу. Возачот поминал без повреди, а службата за спасување со дигалка го префрлиле од платформата на која завршил.