Возач на автобус вратил заборавени 390 илјади евра
07.12.12 00:32
Волфганг Р., возач на автобус во градскиот превоз во Виена и вратил на една постара патничка 390 илјади евра кои ги заборавила во неговото возило. За време на контролата на возилото на последната станица тој пронашол ташна на седиштето зад неговото. Возачот, кој од безбедносни причини морал да ја отвори ташната, рекол дека најпрво помислил дека станува збор за лекови или некои други предмети, но набрзо видел дека тоа се банкноти од по 500 евра. Откако видел за што станува збор го известил диспечерот и полицијата. Виенската полиција ги презела парите и според некои документи во ташната го открила сопственикот.
Станувало збор за една постара жена, која со себе ја понела цела заштеда. Во меѓувреме парите биле вратени на сопственичката, а возачот на автобусот засега не добил никаква награда, бидејќи државните службеници немаат такво право. Инаку, наградата за пронајдени предмети изнесува околу пет проценти од вредноста, а доколку вредноста надминува 2000 евра, процентот за награда се намалува. Виенскиот градски превоз е горд на својот вработен. Инаку, годишно во градскиот превоз во Виена се пронаоѓаат околу 19 илјади загубени предмети.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.