Дека не треба премногу да и се верува на технологијата покажува и примерот на еден компјутерски стручњак кој верувајќи му на системот за позиционирање вграден во изнајменото возило завршил на шините додека во пресрет му доаѓал воз.
Возачот според упатството на системот ГПС свртел во десно, а возилото се заглавило на шините на раскрсница на пруга. Човекот излегол од возилото и со мафтање се обидел да го предупреди машиновозачот. Меѓутоа едвај успеал да отскокне пред залетаниот воз кој удрил во автомобилот со брзина од 96км/ч.и се движел со него повеќе од 30 метри.
Јасминка Т. Момироска