Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз во близина на градот Постојна во Словенија удри во членови на група за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор, соопшти полицијата.

Несреќата се случила нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, соопштија за СТА од полициската управа Копер.

Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечкиот весник „Дело“.

OhridNews

фото. МИА