Најмалку три лица загинаа и неколку се повредени кога утрово, патнички воз излета од шините во провинцијата Галиција во Шпанија. До несреќата дошло кога возот удрил во мост, при што еден вагон целосно излетал од шините.
Возот патувал од градот Видо до Валенса со Мињо во Португалија. Возачот на возот е меѓу загинатите, а сеуште се утврдува бројот на повредените патници, од кои повеќето успеале да го напуштат оштетениот воз.
Пред три години во Шпанија се случи најтешката железничка несреќа во која загинаа 79 лица, а повеќе од 170 беа повредени.
OhridNews