Еден пробен кинески патнички воз постигнал рекордна брзина од 486 километри на час при едно пробно возење пред остворањето на новата железничка линија помеѓу Пекинг и Шангај. Тоа е најголемата забележана брзина на немодифициран конвенционален патнички воз, иако други типови возови во некои земји достигнувале и поголеми брзини.
Кинеската државна телевизија прикажала снимки на елегантниот бел воз кој како стрела минува покрај зелените полиња во источна Кина, каде на некои места ја достигнал максималната брзина. Новиот патнички воз на линијата Пекинг – Шангај би требало да стартува 2012 година, со што петчасовното патување би било преполовено.