Вселенската сонда Voyager 1, која беше лансирана од НАСА во 1977 година, се наоѓа на самиот раб од Сончевиот систем, а за кратко време ќе влезе во меѓуѕвездениот простор.

Оваа вест беше објавена на конференција со која беше обележана 35 годишнината од почетокот на проектот Voyager, а научниците изјавија дека иако знаат дека сондата е многу блиску до влегување во меѓуѕвездениот простор никој неможе да каже со сигурност кога ќе се случи тој настан.
Voyager 1 од Земјата е оддалечен 18 милијарди километри, а камерите на сондата престанале да емитуваат сигнал во 1990 година.