Воведувањењето надоместок за користење на големата сала на општината при склучување граѓански бракови денеска ќе се најде пред советниците. Тие треба да дадат зелено светло на предлог одлуката иницирана од членовите на Комисијата за склучување бракови, со која се предвидува идните младоженци за користење на големата општинска сала во петок да издвојуваат 300, односно во сабота и недела по 600 денари за склучување на брак.
Предлагачот ваквата одлука ја правда со со дополнителните трошоци за греење, односно ладење и одржување на салата, и потребите од обезбедување соодветни услови и надоместок за работата на советниците од Комисијата за склучување бракови и матичарот.
Инаку на дневен ред на 45 седница на Советот на општина Охрид ќе се најдат вкупно 11 точки:
Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот на Одделението за комунален развој и сообраќај за реализација на Програмата за инвестиции и одржување за периодот од првите 9 месеци на годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за реализација на урбанистичките планови на општина Охрид за изминатите три квартали од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на општина Охрид во третиот квартал од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ во деветте месеци од 2007.година; Предлог-Одлука за усвојување на оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид во сезоната 2007/2008 година; Предлог-Правила за работа на облиците на месна самоуправа на општина Охрид; Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за основање ЈП за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори; Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во основните училишта во општина Охрид; Предлог-Одлука за усвојување Декларација за генетски модифицирани организми – слободна зона на општина Охрид; Предлог-Одлука за утврдување надоместок за користење на големата сала при склучувањето граѓански бракови; и Предлог-Буџетски календар.
Г.М.