Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Кичево, преку планинскиот премин Пресека, соопшти Автомото сојузот.

Воведувањето задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила, како што појаснуваат од АМСМ, е поради врнежи од снег на овој патен правец и превојот Пресека.

Според информациите на АМСМ, претпладнево воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег.

OhridNews