Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска со раководствот на СВР Охрид разговараше за безбедносната состојба аво Охрид и за организацијта на безбедносниот форум на НАТО што во јуни ќе се одржи во Охрид. Јанкуловска најави дека СВР Охрид од денеска го воведува системот за безготовинско плаќање, кој во иднина ќе се применува во целото министерство.
Одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на Мендух Тачи дека добил закани по живот од претседателот Црвемковски, Јанкуловска рече дека до МВР до сега не е пристигната никаква пријава и дека доколку пристигне таква пријава МВР секако ќе постапи по неа.
Во врска со апсењето на директорот на Клиниката за пулмологија д-р Дејан Докиќ, за поткуп од триста евра, за што тој тврди дека е наместен, министерката Јанкуловска изјави дека во овој случај е почитуван законот за следење на комуникациите и дека се применети како што рече посебни истражни мерки согласнио законот и дека МВР единствено се занимава со гонење на криминалот.