Екипата на Лабуништа со празни раце се враќа од гостување во Дебар после поразот од Кораб со 2-1, додека битолски Пелистер се одлепи на врвот од табелата во Втората лига со трите бодови од триумфот против Кадино (2-0) на домашен терен.
Фудбалерите на Кораб поведоа во 15-та минута со голот на Албан Расими а до крајот на првиот дел Лабуништа со погодокот на Хасан Сунај изедначи на 1-1. Кораб во 63-та минута поведе уште еднаш со погодокот на Егзон Азири и го задржа водството до финишот за голема победа.
Пелистер триумфот против Кадино го осигура со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел прецизно стрелаше Благоја Љамчески, додека во вториот гол постигна Дарко Анѓелески.
Резултати:
Велазерими – Дрита 1-0
Охрид – Скопје 1-0
Гостивар – Вардар Форино 2-2
Кораб – Лабуништа 2-1
Пелистер – Кадино 2-0
Табела: Пелистер 19, Дрита 15, Лабуништа 14, Велазерими 13, Гостивар 12, Вардар Форино 10, Кораб 10, Скопје 10, Кадино 7, Охрид 4
OhridNews