Воспоставена соработка помеѓу новоформираниот Национален парк Шар Планина и Националниот парк Галичица. Двата национални паркови вчера ја одржаа првата работна средба, што официјално го означи стартот на соработката.
На состанокот беа присутни директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари со неговите соработници, а од страна на тимот при ЈУНПГ несебично беа споделени сите работни искуства, предизвици и начини на управување со заштитено подрачје категорија II Национален парк. Во следниот период ЈУНП Шар Планина ќе бидат насочени кон формирање на стручен тим и служба кои ќе вршат заштита на природа и ќе управуваат со четвртиот Национален парк во нашата земја, велат од НП Галичица.
Шар Планина стана национален парк во јуни минатата година, откако пратениците во Законодавниот дом дадоа зелено светло.
OhridNews