Во основното училиште “ Христо Узунов” денес беа презентирани резултатите од втората фаза на проектот: “ Воспитанието на младите- учениците во летниот период- распуст во охридски туристички амбиент” .   

“ Младите во летниот период во поголема мера се подложни на негативни вллијанија од средината. Причините за оваа појава се што во овој период отсуствува воспитната дејност од образовните институции, а доаѓа до делумно влијание на родителите. Во вакви услови се случува еден вакум во кој недостига организиран процес на позитивни влијанија, кои потоа би придонеле до успешен развој на личноста”, потенцира проф. Д- р Драган Јанкоски, автор и раководител на истражувачкиот тим на проектот. “ За жал искуствата од нашите истражувања се негативни, затоа што резултатиите покажаа дека во овој период поголемо влијание имаат негативните влијанија од средината, кои потоа директно се рефлектираат врз развојот на младите”, вели професор Јанкоски.

Со денешната презентација се заокружуваат двата циклуси од проектот кој беше изработен во 2005 година, а во 2006 усвоен од страна на експертскиот тим за развој при општина Охрид, кога и започна неговата реализација.

Врз основ на добиените сознанија во план е да се изработи студија, а потоа ќе биде издадена и публикација.

Т. К.